Психолозите тврдат дека секој подарок содржи скриена порака и открива многу за односите помеѓу двајцата. Ова секако се однесува само за оние подароци кои мажот сам ги избрал.
Патување – вие сте се за него
Ако тој ве изненади со патување, на ваков начин покажува дека вие сте целиот негов свет. Ќе направи се што ќе посакате за вас.
Чоколада – сака да ја утврди вашата врска
Ако добиете чоколада од својот партнер, независно дали со повод или не, тој има за цел вашата врска да се продлабочи и да ве приврзе колку може повеќе. Чоколадата како подарок значи дека за него вие сте многу важен човек, ваквите мажи се романтични, сигурни се во својата љубов и ја сметаат жената за важен дел од својот живот.
Скапите подароци се знак за несигурен маж
Мажите кои купуваат само скапи подароци, сакаат да испратат порака дека се силни, но најчесто станува збор за несигурни мажи.
Книга – мисли дека ве познава
Ако маж ви подари книга, тој е убеден дека ве познава многу добро. Таквите мажи се стабилни и предани, на кои можете да им верувате.
Накит – тој ве гледа како своја сопруга, како жената со која сака да го помине остатокот од својот живот.
Парфем – мажот кој ќе ви подари парфем, несвесно испраќа порака дека за него сте привлечна и вредна, но не е спремен за сериозна врска со вас.
Ако пак ви подари милениче, таквиот маж сака да создаде семејство и ве гледа вас како дел од својот живот.