Британската ѕвезда и скандал мајсторот Роби Вилијамс вели дека со години бил во тешка депресија поради што почнал да користи најразлични дроги и дека на лечење отишол дури кога сватил дека е со едната нога во гроб.
„Се борев со дрогата и алкохолот но признавам дека и понатаму постои дел од мене кој е луд по опасни наркотици и можеби никогаш нема да ги надминам овие нагони. Се што сакам е деструктивно и предизвикува зависност. Зависност од опасност!“ – изјавил пејачот и додал:
„Конзумирав разни недозволени супстанции, од марихуана, до спид и ЛСД и кокаин. Само еднаш пробав хероин и не се навлеков, а од кокаинот морам да се тргнам зошто многу лошо почна да ми делува. “