Појадок после кој никогаш нема да зажалите.
Лесно, богато, здраво и пред се вкусно!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За 6 лица
12 јајца
500 грама спанаќ
2- 3 струка млад кромид
3 децилитри масло за јадење
2 лажички зачин
Сол и бибер
(За еден оброк пропорционално поделете ги состојките)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исчистете го спанаќот и исечете го на големина која мислите дека е по Ваша мерка.
Загрејте го маслото.
Исечкајте го младото кромитче и заедно со исечканиот спанаќ издинстајте ги во веќе загреаното масло. Ставете ги зачините и залијте со малку вода и динстајте 15 минути на умерана температура.
Во помал плех ставете по две лажици од динстаните намирници, искршете 2 јајца убаво измешајте ги со виљушка и прелијте ги врз спанаќот, измешајте и печете на загреана рерна на 220 степени Целзиусови 5 минути.
Уживајте!!!