Мадрид – На официјалната Фејзбук страна на напаѓачот на Реал, Кристијано Роналдо се појави фотографија на која португалецот има стиснати палци и статус: „Јас сум геј!“.
Фотографијата набрзо е тргната од неговиот профил па се претпоставува дека станува збор за хакерски напад од страна на оние кои не го сакаат Роналдо, кој дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери на денешницата или пак шала од страна на неговите пријатели кои имаат достап до страната како администратори.
За само неколку минути сликата добила речиси милион лајкови и 15 илјади споделувања.