На Америка и се заканува катастрофален земјотрес и цунами!

popara18 март, 20131min00
3

Вашингтон – Црна прогноза!

Американските научници тврдат дека за некој ден катастрофален земјотрес придружен со цунами би можеле да го уништат западниот брег на САД, при што би имало илјадници жртви, градови сравнети со земја и огромна штета проценета на 35 милјарди долари.

Шокантниот извештај е составен од страна на 150 експерти во соработка со сеизмолошкиот завод со цел граѓаните да можат да се подготват за евентуалната природна катастрофа која им предстои. Џеј Вилсон, шефот на научниот тим тврди дека не е прашање дали ќе се случи ваква катастрофа, туку е прашање на време.

Целиот западен брег од Британска Колумбија до северна Калифорнија лежи на трусно подрачје. Геолозите во 2010 година предвиделе дека постојат големи шанси регионот да биде погоден од смртоносен земјотрес. Новото истражување тврди дека американскиот запад ќе биде уништен од големи потреси пропратени со цунами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *