
Иако Изабела Берет има само 6 години таа веќе успеа да го заработи својот прв милион долари.
Изабела овој капитал го заработила благодарение на својата линија накит и шминка, а како што изјавила, таа сама избира што ќе биде вклучено во нејзината колекција наречена Glitzy Girl.
Нејзината мајка откако бизнисот преминал на повисоко ниво отворила фонд каде одат парите од продажбата кои Изабела ќе може да ги подигне откако ќе наврши 18 години.
„Само се обидувам да воспитам среќна и здрава девојка“, изјавила нејзината мајка. Таа уште додава дека нивниот план од секогаш бил да ги искористат изборите за убавина каде Изи редовно учествувала како отскочна даска, што всушност им се оствари.