
Впечатлив летен аксесоар што изгледа феноменално и неговата улога е да ја збогати комбинацијата, да постави акцент што ќе привлекува внимание. Погледнете како само со додавањето на ефектен ремен се стига до неверојатно добар аутфит.
Инструкции:

Потребни ви се подобели конци во актуелна боја, жица за накит и брош.
Конците се плетат во плетенка, а двата краја се врзуваат со жицата, каде на крај се поставува брошот. Со помош на брошот ќе го откопчувате и закопчувате ременот.
Секако претходно треба да го измерите струкот за да знаете каква должина ќе биде ременот.

