
Пензионерката Беверли Робертс има 63 години, а како проститутка работи веќе 25 години и покрај нејзината возраст и понатаму прима по 6 муштерии дневно.
Таа дневно заработува по 750 фунти што значи дека годишно заработува околу 176 000 фунти, а со оваа професија се бави од 1988 година откако се развела со сопругот и немала пари да се прехрани себе си и нејзините две деца кои тогаш имале 17 и 14 години.
„Сексот ме одржува. Немам здравствени проблеми и оваа работа ја прифатив како и секоја друга. Луѓето ми велат дека изгледам доста помлада и планирам да работам до 70 години“, раскажува Беверли.
