НАСА: Почнете да се молите ако астероидот се насочи кон Земјата!

popara21 март, 20131min00
3

Шефот на НАСА Чарлс Болден изјавил дека во случај ако голем астероид се насочи кон Њујорк и ако неговото постоење биде забележано само три седмици пред ударот нас ни преостанува само да се молиме.

„Молете се!“, рекол Болден и додал:

„Прашање е колку и што би можеле да направат САД доколку непознат астероид или комета се насочат кон планетата и што можат да направат останатите земји во светот“.

Астероидот кој експлодираше 15 фебруари над Чељобинск беше ништо во споредба со астероидот кој тие денови прелета над Земјата на растојание од 17 200 км што е поблиску од орбитата на телевизиските и временските сателити. Ова е доказ дека нашето соседство е доста активно и дека сме под континуирана опасност.

Пред околу 66 милиони години небесно тело со пречник од 10 км го предизвикало формирањето на денешен Јукатан во Мексико и тоа било причината за смртта на диносаурсите и голем дел од животинскиот и растителен свет.