Двајца ученици од средното училиште Фајвел во Флорида се уапсени после истрагата за наводно сексуална активност во школската библиотека при што настанот бил снимен со телефон и испратен на останатите ученици од истото училиште.
17 годишен ученик кој имал сексуален однос со 15 годишна девојка обвинет е за силување на малолетничка. Иако девојката изјавила пред полицијата дека сексот бил доброволен, поради нејзината возраст сепак ќе се смета за кривично дело.
И момчето што снимало нема да помине без казна. Тој е уапсен и обвинет за производство и дистрибуција на детска порнографија. Полицијата најавила дека и сите кои ја поседуваат снимката ќе бидат уапсени.