
Јужен Велс – Кајрон Кук (36) осуден е на 4 години затворска казна откако признал дека под дејство на алкохол и наркотици со автомобилот во кој се наоѓала и неговата вереница удрил во дрво, а потоа побегнал оставајќи ја неа сама и повредена да умре.
Кук изјавил дека наместо да бара помош за вереницата Линдзи Поп (26) иначе мајка на две деца ја оставил во слупаната кола и отишол дома да спие.
Телото на мртвата жена било пронајдено од случајни минувачи кои повикале полиција и брза помош, но лекарите само констатирале смрт.
Колин Поп таткото на покојната жена вели дека Кук ќе мора секој ден да се буди со мислата дека ја убил неговата ќерка.
„Да останел покрај неа или барем да викнел брза помош, што би направил секој нормален човек, би му ја простил нејзината смрт“.