
Ви нудиме неколку одлични идеи за пролетни фризури, соодветни првенствено за средна и долга коса, но ќе има и продолжение со понуда за краткокосите убавици помеѓу вас.
Ако сте од дамите чии работни обврски почнуваат рано наутро, тогаш лесното и брзо оформување на косата е задолжително за вас.
Изберете нежни брановидни прамени кои можете да ги постигнете со помош на пегла за коса или со плетенки.
Можете да ја украсите косата со аксесоар или елегантна трака. Плетенките и оваа сезона се помеѓу најактуелните стајлинзи за коса.
Накратко кажано, тенденциите за пролет 2013 се фокусирани околу идеата за перфектно прибрана коса, отколку небрежна и со многу волумен како што беше претходно.


![]()
![]()


![]()
![]()
![]()
![]()