
Алиша Дувал по потекло од Англија и бивша манекенка имала дури 330 пластични операции и потрошила повеќе од 1000 000 фунти.
Прв пат на операција отишла на 17 години кога ги зголемила градите, а од тогаш уште 16 пати ги оперирала градите, 6 пати носот и 11 пати очите. Ги зголемила јаболчниците, извадила неколку ребра за да има потенка половина и ги скратила прстите на нозете. Направила липосукција, ставила импланти во задникот и брадата, а потоа ги извадила. Мајка е на две деца, а сите пари што ги заработувала ги трошела на операции. Јадела само грав и тост и никогаш не била на одмор. Толку била опседната со својот изглед што речиси секој месец одела на операција.