Хидрогенот е едно од најпознатите средства за чистење на рани, но во стоматологијата се користи како препарат за избелување на забите.
Како за прв пат чувството на хидроген во усната шуплина може да биде доста непријатно. Затоа нашиот совет е првите неколку пати само да ја потопите четката за заби во растворот. Тоа се прави со цел непцето да се прилагоди. Веќе понатака ќе можете да ја плакнете устата со смесата од една лажица 3% хидроген и 50 мл вода.
Антисептичкото дејство на хидрогенот е многу полезено за целата усна шуплина, не само за забите. Го зајакнува и штити непцето од инфекции и помага да се спречи појавата на кариес.
За најдобри резултати или за снежно бели заби пробајте ја следнава рецепта – измешајте една лажичка сода бикарбонат со неколку капки 3% хидроген. Добиената смеса можете да ја користите како паста за заби.