Артем Калинин, руски геј активист кој е на чело на организацијата за правата на хомосексуалците, бил претепан во живо пред камера од страна на Алекс Колегов, локален шеф на неонацистичка група.
Нападот се случил додека Калинин пред камерите давал интервју по повод забраната на Парадата на гордоста закажана за 31 март.
Кремаљ и Руската православна црква се обидуваат на ниво на цела држава да спроведат закони против хомосексуалната пропаганда кои се веќе на сила во Санкт Петербург и повеќе други градови и населени места.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=hg1T-id3U9o#!