
Станува збор за фосилно јајце од птицата слон, што некогаш живеела на Мадагаскар и за кое аукциската куќа Кристи очекува дека ќе привлече голем интерес кога на 24 април ќе биде ставено на лицитација.
Сто пати поголемо од кокошкиното, јајцето од птицата слон е високо 30 см и има пречник 23 см. Од Кристи предвидуваат дека ќе достигне цена од 45.000 долари. Птицата слон наликувала на џиновски ној и достигнувала висина до 3,5 м.
