Од обичен до декоративен ѕид брзо и едноставно

popara30 март, 20132min00
2

За оваа техника не ви се потребни специјални инструменти или вештини. За да се трансформира обичниот досаден ѕид во интересен декоративен простор, е доволно да се обработи само еден од ѕидовите во просторијата, а останатите да ги обоите во некоја од употребените нијанси врз основниот ѕид.

 

Неопходни материјали: латекс боја за ѕидови во метални нијанси, лак, ваљак, лепило во трака, сад за боја.

Се нанесува најпрво база боја во еден слој и се остава да исуши. Основата треба да е светла па затоа има само еден слој. Потемните нијанси се нанесуваат врз основната. За да оформите правоаголници или други форми послужете се со лепливата трака. Со ваљакот нанесете друг слој во потемна нијанса од истата боја само на обележаната форма. Можете да користите и сунѓер со кој бојата се нанесува многу поинтересно и неравномерно. Почекајте секој еден слој добро да исуши.

 

Важно е сите слоеви да се исушат добро па затоа оставете неколку часа за секој слој. Наситеноста на бојата се постигнува со повторување. Колку повеќе слоеви има, толку потемна боја се добива. Или пак можете да додадете сроден тонер во бојата за да биде поинтензивна. Основата нека биде еден слој, втората површина два слоја, третата три и.т.н. Откако се добро ќе се исуши тој ѕид се премачкува со лак за да се засили ефектот на ваквото нијансирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma