Новите испитувања кои се спроведени во универзитетот во Падова врз Торинското платно потврдуваат дека платното за кое некои веруваат дека во него бил замотан Исус кога бил погребан, навистина потекнува од времето кога тој живеел.
Ткаенината долга 4 метри на себе има отпечатоци од човек кој имал идентични рани како што имал и Исус, а научниците со помош на инфрацрвени зраци извршиле анализа чии резултати покажуваат дека платното настанало помеѓу 280 пне и 220-та година во новата ера.
Експертите велат дека со ова ги елиминираат претходните резултати кои се извршени во 1988 година, според кои платното датира од 13 или 14 век, бидејќи и лабораторијата и самиот примерок биле контаминирани.
Ватикан никогаш не ја потврдил автентичноста на платното, но во 2009 година истражувач од Ватикан изјавил дека бледиот натпис на платното докажува дека Исус бил замотан во него после распнувањето. Платното моментално се наоѓа во Торинската катедрала во северна Италија.