Нуклеарна криза: Северна Кореја го активира нуклеарниот реактор!

popara3 април, 20131min00
1

Северна Кореја најави дека повторно ќе го активира реакторот во Јонгбјон каде се збогатува ураниум за атомско оружје, покрај забраната за развој на нуклеарната програма и санкциите од страна на меѓународната заедница. Новата ситуација ја засили тензијата на Корејскиот полуостров токму кога САД покрај бомбардерите Б52 и Б2 и така наречените невидливи авиони Ф22 во јужна Кореја испрати и воен брод УСС Фицџералд со противракетна одбрана.

Пјонгјанг најави дека ќе го активира нуклеарниот погон кој во 2007 година беше затворен со договорот со меѓународната заедница со цел оваа сиромашна земја да добие помош. Пјонгјанг долго време тврдеше дека реакторот служи за производство на електрична струја. Меѓутоа после година дена работа во реакторот останува доволно материјал за да се направи бар една атомска бомба.

После објавувањето на воена состојба со југот и заканите дека  ќе напаѓаат бази на САД, Северна Кореја наиде на осуда дури и кај нејзините сојузници Кина и Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *