
Фудбалскиот ас на Милан и неговата девојка Фани Негуша сакаат цела јавност да знае колку се вљубени и среќни. По мислењето на некои можеби дури и премногу…
Актерката на својот Инстаграм профил поставила фотографија која е направена за време на интимен момент – додека му седи во скут. Балотели гледа во својата девојка додека таа…па…нешто прави во пределот на градите. На фотографијата не може добро да се види дали таа е само во кратка топ маица и дали е фудбалерот само без маица.
Фотографијата е насловена како „Дома си играме како деца“.
Балотели е во врска со 22 годишната актерка од Белгија откако дефинитивно раскина со Рафаела Фико со која има едногодишна ќерка.


