Го уништиле: Цели 40 години недолжен во затвор!

popara3 април, 20131min00
8

Осудениот Луис Тејлор одлежал 40 години затворска казна поради еден од најстрашните пожари во историјата на Аризона каде погинаа 29 луѓе.

„Станува збор за две големи трагедии – пожарот во хотелот и мојата пресуда“, изјавил Тејлор пред медиумите после излегувањето на слобода.

Тејлор деновиве наполнал 59 години, а во 1970, на 16 годишна возраст  бил осуден на 28 доживотни затворски казни, додека тој цело време тврдел дека е невин.

Тејлор кој е афроамериканец верува дека поротата погрешно го осудила бидејќи била составена само од белци но и поради грешките на полицијата да ги преиспита и остантите осомничени.

Извештајот од тоа време зборува дека Тејлор помагал да се спасат луѓето од пожарот, а покасно истата ноќ бил уапсен.

Во меѓувреме судиите кои го воделе процесот јавно изразиле сомнеж во пресудата и останале во контакт со него.

Foto: You Tube / abc15

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *