
Три пати размисли, еднаш лајкувај! 29 годишниот студент Анас Исмаили од Палестина осуден е на 6 месеци затворска казна бидејќи на Фејзбук лајкувал статус кој ги критикувал палестинските власти.
Анас е прогласен виновен за јавна клевета и озборување, а уапсен е истиот ден кога судот во Бетлехем изрекол едногодишна затворска казна за палестинскиот новинар Мамдоух Хамамрех кој споделувал фотографии од претседателот Абас каде е прикажан како негативец и шпиун.
