
Се очекува поп звездата Наташа Беквалац следната недела да влезе во куќата на Големиот брат.
Според планот на продукциската куќа Наташа ќе биде внатре во куќата заедно со останатите станари до крајот на сезоната, се разбира доколку нејзините обврски и гласовите на публиката го дозволат тоа. Сеуште не е јасно дали убавицата ќе се бори за главната награда или во куќата влегува за одреден хонорар.
Нејзиниот дечко Владо Вуксановиќ нема да влезе со неа во куќата, иако Ава која со него беше во врска додека траеше шоуто Преживеан, минативе денови изрази желба да го види покрај себе. Како ќе реагира таа и останатите старлети во присуство на Наташа останува да видиме.

