Тестенините се мојата омилена храна, обожавам кога треба да подготвам некој сос. Експеримените ми овозможија милион различни вкусови. Денес ви го претставувам карбонара сосот кој може да го ставите на макарони, шпагети, тортелини…
Потребни состојки:
– 1 лажица маслиново масло
– 1 голем кромид, исецкан
– 2 чешниња лук, исецкани
– 175 гр сланина
– 2 лажици путер
– 175 гр печурки
– 300 мл хопла, неутрална
– 3 јајца
– 100 гр пармезан
– сол и бибер
Подготовка:
Исецкајте ја сланината на тенки листови. Изматете ги јајцата, како кога правите кајгана. И печурките исецкајте ги на тенки листови. Во меѓувреме ставете ја пастата да се вари.
Во сад за пржење ставете го маслото за готвење на средна температура. Додајте ги кромидот и лукот и пржете ги 2-3 минути. Потоа додајте ја сланината и пржете додека не стане крцкава. Префрлете ја смесата во едена чинија. Во друга тава ставете го путерот да се растопи. Додајте ја сланината со кромидот и лукот. Во друг сад измешајте ја хоплата, јајцата и печурките и зачинете по ваш вкус. Ставете ги на оган и мешајте додека не се згусне смесата, па кога ќе биде густа ставете ја смесата со сланината. Кога ќе биде готово ставете го сост врз пастата и одозгора посолете со сецкан магдонос.