Соблечете ги чорапите и ќе ви кажам дали сте диви

popara11 април, 20131min00
15

“Читање од стопало” е практика во Кина и Индија веќе 5000 години. Ова е последица од верувањето дека стапалото е огледало на телото.

Да биде ситуацијата уште покомплицирана, се верува дека духот и телото се нераскинливо поврзани, и поради тоа физичките недостатоци се третираат како последица на некои карактерни особини. На пример, оние со рамни табани се јаки, и поради својот слободен и независен дух се оптоваруваат со премногу грижи.  Рефлексологот Џејн Шиан вели дека верувањата на кинезите и индиците се наполно оправдани. Таа “чита од стaпала” веќе со децении.

“Соблечете ги чорапите и ќе ви кажам дали сте диви, авантуристи кои често запаѓаат во проблеми, или копнеете за стабилност, ред и хармонија во животот. Ќе видам и тоа дали сте претерале со вино и колачи.”- вели Шиан.

Ако палецот ви е  подолг од останатите прсти вие сте паметни, креативни, секогаш имате генијални решенија. Ако имате мал палец тогаш сте ефективни и секогаш успевате да делувате на повеќе полиња истовремено. Со својот шарм ги убедувате останатите да се согласат со вашите идеи.

Колку ви е подолг вториот прст толку повеќе имате силно изразени способности за водич. Динамични сте но и склони да наредувате. Ако овој прст е помал, тогаш вие ја сакате хармонијата и складноста.

Долг среден прст укажува на тоа дека сте изразено енергични, особено на работа. Колку е подолг толку повеќе ќе имате успешна кариера. Ако е прстот пократок значи дека вие уживате во задоволствата што ви ги нуди животот. Сакате да се опуштите и не се грижите за ништо. Останатите ве гледаат како мрзелива особа.

Долг и прав, четвртиот прст значи дека на вас семејството ви е пред се. Ако сте несреќни поради односите со саканите од вас луѓе, тогаш овој прст е искривен. Тешко се дистанцирате од проблемите на средината.

Ако можете да го одвоите малиот од четвртиот прст и да мрдате со него, вие сте импулсивен авантуриста, особа која често флертува. Поради тоа оние жени кои ќе одлучат да бидат со маж кој мрда со малиот прст, нека знаат дека ги очекува луцкаст, забавен, див маж, кој е добар за краткотрајна авантура но не и за долга врска и брак.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma