Дури 17 “изгубени“ пирамиди се наоѓаат меѓу згради идентификувани по пат на сателитски снимки на Египет, пишува “Дневник“, пренесува НетПрес.
Со преглед на инфрацрвените снимки е откриено постоење на повеќе илјадници гробници и околу три илјади населби.
Пробните ископувања ги потврдиле откритијата, вклучувајќи и две пирамиди. “Ископувањето на пирамидите е сон за секој археолог“, рекла Сара Парчак, една од пионерите во програмата за “ вселенска археологија“ во лабораторијата во Бирнингам во Алабама која ја спонзорира НАСА.
Пачак била изненадена колку пронашла заедно со нејзиниот тим. “Интензивно работевме на ова истражување повеќе од една година. Кога пребројувавме се’ што пронајдовме не можев да верувам дека во Египет се лоцирани толку наоѓалишта“.
Тимот ги анализирал сликите од сателитот кој се наоѓа во орбита оддалечена од Земјата 700 километри, а кој е опремен со моќна, супермодерна камера која на површината на Земјата може да сними објекти помали од еден метар во дијаметар.
Инфрацрвеното снимање е користено за да се откријат различни материјали под површината на земјата. Старите Египќани своите згради и куќи ги граделе од цигли направени од кал и глина. Тоа се погусти материјали од почвата која ги окружува па се обликуваат куќите, гробниците и храмовите и многу убаво може да се видат на снимката. “Тоа само покажува како е лесно да се потцени величината и опсегот на населбите во минатото“, рекла Парчак која верува дека тука не крајот на откритијата и дека Египет крие уште многу тајни.
Извор: Нетпрес