Овие фотографии се доказ дека САД и Северна Кореја треба да искулираат!

popara12 април, 20131min00
11

Оние кои одлучуваат за судбината на светот мораат да се потсетат до што води разорната моќ на нуклеарното оружје кое непрестајно се усовршува и расте. Пораката кон САД и Северна Кореја од името на сите жители на планетата е јасна: Смирете се и најдете мирно решение за проблемите!

Човекот сметан како најинтелигентното суштество на планетата Земја, често со своите непромислени одлуки  ја доведува до прашање својата гола егзистенција и постојано ги повторува истите грешки кои потоа ги оправдува со фразата „историјата се повторува“.

Не се повторува историјата – барем не во онаа површна смисла туку се повторува човечката глупост.

Како што веќе знаете последна земја во низата која се обидува да биде атомска сила во светот е Северна Кореја. Меѓутоа не сакаме да ги потсетиме само нив на ситуациите кои никогаш повеќе не би требало да се повторат, на сцените од Хирошима 1945, туку и американците кои се единствените до сега кои ова оружје го употребија и кои сликите пред вас ги создадоа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *