
На видеото кое денес се појави во јавноста е прикажан Путин како вика на состанокот каде присуствуваат неколку негови министри, вклучувајќи го министерот за финансии Антон Силуанов и вицепремиерот Димитриј Козак.
Путин во таа прилика побарал поголема ажурност со цел да се оствари неговата социјална програма поради подобрување на животот на милиони руси, пренесува Ројтерс.
„Ако тоа не го направиме ќе мора да признаеме или дека јас не работам ефикасно или дека вие лошо работите и ќе морате да си поднесете оставка“, вели Путин на состанокот одржан во Елиста.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=FCK8CQkhgM4