
Адолф Хитлер, суровиот нацистички лидер одговорен за смрта на повеќе од 6 милиони луѓе бил хомосексуалец и користел женски хормони. Ова не е прв пат во јавноста да се појави веста дека Хитлер бил геј, но овој пат тоа е и потврдено со документите од интервјуто со нацистичките доктори после Втората светска војна.
Доктор Херман Мери роден во Виена кој работел како експерт за американската војска напишал после интервјуто со личниот лекар на Хитлер „хомосексуалец“ во полето каде се заведува сексуалната ориентација. Покрај тоа напишал „Ева Браун – посебна спална соба“, како и „женски хормони над 50 000 единици“. Во документите меѓу другото пишува „Раскажан ми е неговиот сексуален живот и односот со Ева Браун“.
Во извештајот се вели дека Хитлер бил хистеричен и дека бил мегаломан, како и дека страдал од низа болести.
