
Киднапираната 10 годишна ќерка на бугарскиот нарко бос Евелин Банев наречен Брендо пуштена е после 47 дена.
Лара Банева е оставена во неделата на паркинг во центарот на Софија која се обратила во најблиската полициска станица, објавило Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.
Банева била во добра здравствена состојба и ставена е под лекарска контрола, се додава во соопштението.
Државното радио БНР објавило дека за ослободување на Банева се платени 500 000 евра, но информацијата не е официјално потврдена.
Банева е киднапирана 5 март во периферијата на Софија во луксузната населба Бојана на пат кон училиштето.
