4 знаци дека тој никогаш нема да се ожени со вас

popara28 август, 20151min00
1

Повеќето претставнички на понежниот пол ја замислуваат својата свадба уште како девојче. Се вљубуваат и почнуваат да мечтаат дека Тој ќе ја запроси на најромантичниот начин и приказната ќе заврши со зборовите: „и живееле среќно…“

Но понекогаш крајот не е така розов. Доволно е да обрнете внимание на следниве 4 знаци кои ќе ви покажат  дали партнерот планира или не да го помине останатиот дел од својот живот со вас.

Првиот категоричен доказ дека тој не крои планови за заедничка иднина е избегнувањето на темата за иднина.  Вљубениот маж инсистира да почнете да размислувате на таа тема и двајцата, бидејќи сака да е сигурен дека жената што ја сака ќе биде негова за секогаш. Деликатно и суптилно поставете на дневен ред нешто поврзано со заедничката иднина и внимателно видете како ќе реагира. Дали тоа ќе го збуни и изненади или пак ќе биде среќен што вие сте почнале да размислувате за посериозни нешта.

Ако партнерот сеуште е финансиски зависен од неговите родители и не прави ништо за да создаде услови за него и неговата идна сопруга, тогаш големи се шансите дека човекот во блиска иднина не е заинтересиран за брак и семејство. Разговарајте со него на темата до кога планира да живее со неговите и одговорот ќе ви покаже многу за него.

Ако ви признае дека не е од „оние типови кои сакаат свадба“ значи дека дефинитивно не е спремен да се обврзе сериозно. Кажете му дека вие сте токму од тие типови и почекајте ја неговата реакција…Вљубениот маж е секогаш спремен на компромис…

Четвртиот знак што ќе ви покаже дека не треба да се надевате на бел фустан е неговото саркастично поведение кога ќе стане збор за брак.

Мажите кои се поигруваат со тој свет ритуал сигурно не планираат да станат дел од „мажите папучари“ кои фрлаат купишта пари за „обичен ден како и сите други“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag