Ништо чудно што се работи за хидратантен препарат кога ќе се земе во предвид дека краставицата е составена од 92% вода.
Освен тоа во составот на краставицата, покрај витамините и минералите, има неколку полезни киселини кои ја задржуваат влагата во кожата. А во летните горештини хидратантниот ефект на краставицата е незаменлив. Пригответе домашен тоник по нашата рецепта и нема да зажилите.
Ќе ви биде потребна една краставица и 2-3 супени лажици дестилирана вода. Зошто дестилирана? Затоа што не содржи метали, соли и желизо, а тоа е многу важно за кожата.
Краставицата се пасира заедно со водата се додека не се изедначи смесата, после што се процедува преку неколку слоеви стерилна газа . Готовиот тоник се исипува во измиен и сув стаклен сад . Се чува во фрижидер но не повеќе од 5 дена.
Тоникот ја смирува кожата и помага за побрзо обновување на клетките после изложувањето на штетното влијание на УВ зраците. Се користи секогаш и секаде! Било кога ќе почувствувате дека кожата ви е сува, испрскајте со тоникот и оставете така да се исуши врз кожата. Се користи и за деколтето или било кој друг дел од телото.