Зашто би требало да ги сакате вашите младежи? Се чини дека некои телесни мани се добри за здравјето…
Повеќето луѓе имаат помеѓу 10 и 40 младежи и без да ги забележат. Бројот на младежите варира во текот на животот, тие можат да се појават во младоста а нивниот век е околу 50 години по што и исчезнуваат.
Иако поголемиот број на младежи го зголемува ризикот од развој на рак на кожа за 10 пати, истовремено може да биде идеален знак за доживување на длабока старост.
Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон проучувале повеќе од 9000 луѓе повеќе од 60 години и востановиле дека оние кои имале 50 или повеќе младежи (бемки) на своето тело живеат во просек 6 години повеќе од оние кои имале под 25 младежи (бемки) по своето тело.
Според нив сето тоа е поврзано со теломерите, кои се наоѓаат на ДНК ланецот, во вид слој кој ја штити ДНК од надворешни иритации. Теломерите со времето стануваат поеластични а со тоа се намалува и брзината на стареење. Теломерите се всушност се дел од градбата и едни од главните елементи кои ги има во младежите (бемките), што значи дека повеќе младежи повеќе теломери и подобра заштита на ДНК ланецот.
„Шансите оние со повеќе младежи да живеат подолго се огромни, а тоа ни покажува дека веројатноста за болести кои доаѓаат со староста е многу помала.“ – истакнува Доктор Veronique Bataille, дерматолог во Hemel Hempstead.