Според анкетите кој од финалистите на Големиот брат ќе си оди со 50 000 евра?

popara6 мај, 20131min00
1

Финалето на реалното шоу Големиот брат ќе биде вечерва и наскоро ќе дознаеме за кого гласала публиката и кој ќе си оди дома со 50 000 евра како победник.

Шесте недели колку што траеше шоуто беа многу возбудливи. Имаше кавги, вулгарности, љубов, навреди, тепачки…а сега дојде моментот да се види кој оставил најдобар впечаток кај гледачите. Според многу анкети најголеми шанси за победа има Драгутин Топиќ.

Топ беше воздржан, ранлив и емотивен. Во собата за исповед имаше неколку разговори што ја расплакаа публиката меѓу кои тогаш кога разговараше со својата бремена сопруга, кога раскажуваше за смрта на неговиот тренер и поразот на Олимпијадата.

Во финалето на Големиот брат учествуваат Сораја, Жељко, Жарко, Ава, Топ и Анета.

Според анкетите најубедливо на прво место е Топиќ кој во моментов има 1616 гласови, потоа Жарко со 728, Жељко има 711, Ава 731 (има повеќе негативни гласови). Сораја 442 и Анета 223.