
Марк Лестер (54), британски актер, уверен е дека тој е биолошкиот татко на децата од Мајкл и е подготвен да го докаже тоа со помош на ДНК анализа. Станува збор за трите деца на починатиот крал на поп музиката, а имено Принс Мајкл 16, Парис 15 и Бленкет 11.
Лестер кој својата популарност ја стекна преку филмот Оливер Твист тврди дека Мајкл уште во почетокот на 90-те години го замолил да донира сперма:
„Се сеќавам како Мајкл ме повика и ме праша дали имам проблеми со плодноста. Година дена после тоа побара да донирам сперма и јас прифатив“, тврди Лестер.
Мојата ќерка Оливија личи на Парис, а и многу луѓе рекоа дека Парис многу личи на мене кога бев на нејзина возраст.
Лестер и Џексон се познаваат од 1978 година и од тогаш се добри пријатели. Набрзо Лестер станал и кум на децата од Мајкл.

