Апартхејд на Македонски начин

popara7 мај, 20131min00
608-01089951

Прво да расчистиме што е тоа апартхејд. Тоа ти е состојба, кога еден смее да ги дупчи сите, а сите не смеат ниту да го погледнат во очи, или скраја да е, да му го видат суратот.

Значи: Како ќе идентификуваме скриени сурати, по Македонскиве ни простори? Лесно. Ред се редат мила мамо, купој сурати со откопчани панталони, и уште дупло повеќе пушачи , со скинати коленици, што од толку пушење, сеуште ни рак на бели дробови не добија, ама пушењето на лижење анално, го прекомандуваа.

Важно,пред се заради апартхејдот, кога пушат, на суратите им, во очи не ги гледаат. Што од страв, што од срам, неважно, апартхејдот се роди и еве го- егзистира!

Друг пример за апартхејд кај нас, ни се така наречените ни аналитичари, што мака мачат збор да кажат, а претходно одобрение да не добијат, што од сини што од жолти клубој, сеедно. Класичен апартхејд на мозочните клетки, кои од срам сиромашките, нити растат ниту бога молат. Им доаѓа одамна да си го напуштат леглото, ама глава букова тешко пука, па за навек такви сироти- ќе си останат тука.

Трет пример на апартхејд за наша љубов, се појавува во Македонските ни медиуми. Тука апартхејдот е класичен, османлиски увезен, па сакал или не братче мое, ќе си џвакаш Турски серии, посрани со Македонски војс овер, или по ново- надсинхронизирани! Во овој случај апартхејдот помалку боли, пред се заради фактот, пред да те дупи телевизијата, со вазелин ти го мачка газот, па ни влегува лееесно… како аааалва што би рекол Џорџ Мајкл.

Апартхејд има во политиката најмногу. Таму сурати, колку сакаш, а богами и лингури наведнати, уште повеќе. Замисли си, Бане уште не умрен, а пола партија веќе одело му облече, џанам за на свадба ќе го спремат, или за на погреб песни да му пејат. Лингури, што до вчера куренцето му го запушуваа, денес газди братче ќе стануваат. И се заради апартхејдот, верувајте! До вчера лингур, ама од утре има сурат да стане , па мајка Јана.. нека е. И така се во круг..Везден лингури стануваат сурати, а апартхејдот ни се развива, дури пострашно и од Јужна Африка. Овде само една дилема ми остана: Кој ќе го глуми Нелсон Мендела кај нас?! Прво мислев Љубе ќе ја лапне главната улога, па газда Вељо.. па си велам море Бучко ќелавото да не е… и оп.. ниту еден од нив нема да бидеее:((( Цццц а какви глумци сеее..  Да им позавидат брат сите порно глумци и глумици- заедно! Тоа е..

За Нелсона, ќе почекаме.. ама како и да е, од апартхејдот не се откажвиме!!!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma