Пронајдени трите девојчина кои исчезнаа пред 10 години!

popara7 мај, 20131min00
5

Аманда Бери исчезнала кога имала 16 години во април 2003 година, кога се враќала од работа. Џина ДеХесус е киднапирана на 14 годишна возраст враќајќи се од училиште година дена покасно, додека Мишел Најт се води како исчезната од 2000 година.

Девоките кои исчезнаа во Кливленд пронајдени со една иста куќа во истиот град и сите се во добра здравствена состојба.

Сето почнало кога една од девојките успеала да се јави во полиција и со помош на човек од соседството успеала да побегне од куќата во која се наоѓала.

„Јас сум Аманда Бери, се водам како исчезната веќе 10 години и сега сум слободна…“, рекла девојката обраќајќи се на полициската диспечерка, соопштувајќи ја и адресата на која се наоѓала таа и останатите девојки.

Медиумите известија дека е уапсен Аријел Кастро (52), возач на школски автобус кој е сопственик на куќата од која побегнала девојката, а потоа се најдени и останатите две. Медиумите јавуваат дека се уапсени уште две особи чии имиња не се наведени, но се верува дека тоа се браќа на осомничениот.

Покрај трите девојки од куќата е спасено и 6 годишно девојче за кое се верува дека е ќерка на една од жртвите.

Куќата во која се пронајдени девојките е само неколку километри одалечена од местото каде се киднапирани.

Мајката на едното девојче умрела од тага пред 7 години.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=AvIf8pH5q4g

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma