You Tube почнува да го наплатува прегледувањето на клипови?!

popara9 мај, 20131min00
1

Според информациите од Фајненшл Тајмс познатиот сајт Јутјуб наскоро би можел да почне со наплата за прегледување на одредени видео клипови.

Месечната претплата за одредени канали ќе биде околу 1,99 долари, а ќе се наплатуваат како за почеток околу 50 канали.

Претплатниците на одредени канали ќе имаат пристап до ексклузивни снимки, ТВ емисии и филмови. Со плаќањето на каналот ќе бидат отстранети и рекламите кои ги има на безплатните снимки.

Сеуште не е познато точно кои канали ќе се наплатуваат, а заработените пари ќе се инвестираат во нов ТВ и филмски програм кои ќе се прикажуваат исклучиво онлајн.

Јутјуб сеуште не ги потврдил официјално своите планови за претплата, но потпаролот на Гугл изјавува: „Гледаме да создадеме платформа за претплата како би можеле да понудиме уште поквалитетна содржина за нашите корисници“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma