Големите американски банки ќе бидат следна мета за објава на доверливи документи на интернет страницата Викиликс. Тоа би можело да се случи на почетокот на 2011 година, изјавил основачот на страницата Џулиан Асанж во интервју за магазинот “Форбс“. Асанж рекол дека на почетокот на следанта година планира да објави значителна количина на податоци од “големите американски банки“ кои откриваат “флагрантно кршење“ на прописите што “би можеле да срушат една или две банки“. Тој одбил да изнесе повеќе деталји за имињата на банките. “Тоа не е голем материјал како оној за Ирак, но се работи за десетици или стотина илјади документи зависно од тоа како ќе ги дефинирате“, рекол Асанж за “Форбс“. Досега Викиликс објавуваше документи кои се однесуваат на владите и меѓународните односи, но се претпоставува дека 50 отсто од документите кои ги поседуваат се однесуваат на приватни компании.
Извор: Нетпрес