
Дали ја препознавате младата дама од сликата? Станува збор за една од најубавите светски манекенки која е родена во Бразил и има француски, португалски, американски и карипски корени. Својата кариера ја започнала на 15 години, а денес е една од најплатените манекенки. Долги години е заштитно лице на Викторија Сикрет, а денес е нивни ангел и главен рекламер на овој бренд. Од 2009 година е српска снаа.
Погодивте, тоа е Андријана Лима која е омажена за Марко Јариќ. Парот има две преслатки ќеркички, Валентина и Сијена.
Оваа фотографија е од периодот кога Лима немала ни 10 години…

