
Доколку сте љубител на вино, еве добри вести за вас. Виното е одличен борец против стареењето и вашата кожа ја прави убава, млада и здрава.
Виното го успорува стареењето. Пластичниот хирург од Сиетел, Ричард Бекстер тврди дека виното прави чуда за кожата, како кај жените, така и кај мажите. Благотворните ефекти на виното се познати одамна, но некои од нив се откриени неодамна благодарение на новите истражувања. Антиоксидансите од виното во комбинација со антивоспалителните агенси и природната алфахидроксилна киселина доволно се јаки за да ви овозможат убава и здрава кожа поради што ќе изгледате далеку помлади.
Виното содржи висока концентрација на антиоксиданси кои се нарекуваат полифеноли, вклучително и ресвератрол. Овие антиоксиданси се моќни и делуваат против слободните радикали кои овозможуваат анти ејџ ефект.
Суво црвено вино може да се користи и како тоник за кожа. Тоа ќе и даде нежен изглед. Ако сте склони кон бубулици слободно започнете со примена на овој третман.
Според неодамнешното истражување дознаваме дека белото вино штити и од штетните УВ зраци. Но се што е добро за нашето тело, е штетно ако се конзумира повеќе од препорачаната количина. Уживајте во својот омилен пијалок, но само во умерени количини.
