
Полицијата во Кливленд објавила фотографии од куќата на Ариел Кастро, човекот што 10 години ги чувал заробени трите киднапирани девојки.
На фотографиите се гледа дека киднаперот и воедно нивниот мачител Кастро ја заштитил куќата наоколу со бодликава жица, синџири и катанци како во најстрашните логори. Кастро очигледно на сите начини се обидел да оневозможи соседите да имаат пристап кон неговиот двор и куќа.
Неговата куќа потсетува на куќата на стравот во која владеел 10 годишен мрак бидејќи вратите и прозорите биле затворени и заклучени со дрвени капаци за да не може никој да види ни чуе што се случува внатре. Полицијата пронашла и справи кои Кастро ги користел за измачување на девојките кои во текот на 10-те години неколку пати забремениле, абортирале, а некои и родиле.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=GDms1uSIcWk