
Џони Деп ја запроси Амбер Херд на нејзиниот 27-ми роденден. Актерката рекла „Да“, а датумот на венчавката се уште не го одредиле.
„Поради неа се смири. Дури престана да го пие својот омилен пијалок, виски, бидејќи нејзе таквиот начин на живот и пречи. Тој навистина сака брак со неа“, изјавил изворот.
Амбер Херд признала дека била заљубена во Деп како тинејџерка. Ѕидовите во собата и биле облепени со негови постери. Џони пак поради неа ја остави Ванеса Паради со која беше во врска 14 години и со која има 2 деца.
