
Човекот од Џорџија тврди дека го пронашол рецептот за кока кола во стара кутија полна со документи што ја купил на една аукција.
Клиф Клуџ сега се обидува да ја продаде оваа скапоцена формула на сајтот eBay за 15 милиони долари. Компанијата Кока Кола која рецептот го држи во тајност од 19-от век изјавува дека таа формула би можела да создаде сличен пијалок, но дека и понатака тоа не е оргиналниот рецепт.
Клуџ е дилер на антиквитети, а рецептот што го продава потекнува од 1943 година. Оргиналната формула за кока кола во 1886 ја направил доктор Џон Пембертон и од тогаш е извор на шпекулации и претпоставки. Оргиналот е заклучен во трезорот на Музејот на Кока Кола во Атланта.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=9o8xeRPVAqo