
Британскиот јавен сервис објави дека дошле до видео снимка и изјава од сведоци кои го поткрепуваат тврдењето дека сириската војска за време на бомбардирањето на градот Саракеб употребила хемиско оружје.
Според изјавите на сведоците за време на нападот се фрлени кутии во чија внатрешност се наоѓало бетонско куќиште. На видео снимката прикажан е бунтовник како држи канистер за кој вели дека бил скриен во блоковите кои ги фрлила за време на нападот сириската војска. Сведоците тврдат дека во кутиите се наоѓале по два канистри.
На друга видеo снимка се прикажани делови од канистри опкружени со бел прав.
Сириската влада остро ги отфрлила овие тврдења, а Вашингтон се заканува дека таквиот развој на настаните би бил црвена линија за започнување интервенција во Сирија.


http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=XtMctB4SrBk