
Научниците од универзитетот во Мастрихт откриле дека дури третина од жените го носат наследниот ген MMP2 кој го зголемува развојот на масното ткиво и веројатноста дека жената ќе се здебели повеќе од пет килограми над нормалната тежина.
Научниците 10 години набљудувале околу 5000 испитаници кои добивале или губеле килажа после што им била извршена генетска анализа. Генот ММР2 е пронајден кај дебелите жени, но не и кај дебелите мажи.
Меѓутоа научниците велат дека и мажите имаат свој фактор за дебелеење, а се работи за верзија на генот FTO под чие влијание веројатно ќе се здебели дупло повеќе отколку жените. FTO и ММР2 гените можат да бидат одредени од раѓање бидејќи нивната активност е под контрола на половите хормони.
Но од Агенцијата за истражување на дебелината нагласуваат дека неможе целата вина да се префрли само на гените и дека луѓето би требало повеќе да внимаваат што јадат.
Можеби не можете да ги смените своите гени, но можете да го смените својот режим на исхрана.

One comment
rokerkata
27 јуни, 2013 at 16:43
BEZ VODA NEMA ZIVOT-BEZ BLAGO NEMA ZIVOT!