
Човекот изнајмил луксузна соба, нарачал преку оглас девојка за 150 евра, а на вратата се појавила неговата сопруга во мини здолниште.
Вистинска трагикомична семејна драма му се случила на Недељко Карев од Бургас, Бугарија кој преку телефон закажал провод со проститутка. Дамата дошла точно во договореното време, а клиентот само што не паднал во несвест бидејќи тоа била неговата сопруга.
Недељко и неговата сопруга Нада биле во брак 6 години. Тој работи како службеник во голем склад за алкохол, а таа во еден од најголемите малопродажни ланци во градот.
Нада му признала на сопругот дека во “работата“ ја упатила нејзина пријателка која и рекла дека многу жени го дополнуваат семејниот буџет бавејќи се со најстарата професија во светот. Во почетокот заработувала од 20 до 30 лева со еден клиент за ноќ.
Набрзо работата почнала да цвета па имала и по пет шест клиенти дневно заработувајќи и до 250 евра на ден. Набрзо после ова парот се разведува.
