Многу се зборува за тоа што всушност представува вистински маж. За едни тој е грубиот мачо, за други – воспитан џентлмен, за трети – ладниот шизик кој не се дава лесно. Според нас сепак вистинскиот маж нема универзален профил. Тој се познава само по едно нешто – насмевката на жената до него.
Ми се случувало да среќавам и млади и постари парови на улица. Нежната половина едноставно сјае. Ете по тоа согледувам дека овие жени имаат човек во вистинска смисла на зборот.
Инаку сум се нагледала и најсташни варјации – мажи кои сметаат дека е супер демонстрација на жената да и залепиш шамар во ресторан. Или пак оние кои ронат солзи на јавни места, надевајќи се дека преку сожалување ќе го постигнат своето. Како и оние на кои не им е проблем да ја остават љубената да пешачи во темницта, бидејќи е лута и не сака да се качи во автомобилот.
И сите тие имаат оправдувања! Ќе ви кажам само едно – тоа да си вистински маж не се гледа по фактот дека не се плашиш да влезеш во бој зарди пријател. Ниту од тоа да заработуваш многу пари и да си самостоен. Затоа што драги момци, вистинскиот критериум е насмевката на жената до вас. Без разлика дали е за еден ден или е љубовта на вашиот живот.
Да и ја отвориш вратата на автомобилот, да ја ислушаш и прегрнеш, да ги бакнеш нејзините очи полни солзи, да го голтнеш своето его заради неа – тоа не е слабост! Тоа е сила. Огромна сила, која само апсолутниот маж ја поседува.