BMW официјално го представи новиот X5, односно третата генерација, а за моделот слободно може да се каже дека е водечки во својата класа, модел кој поставува нови стандарди во поглед на моќ и дизајн, со луксузен и комфорен ентериер, напредни технолошки решенија и ефикасни и забавни возни карактеристики.
Новата генерација како што и се очекуваше носи освежен дизајн во однос на својот претходник и многу подобрени перформанси.