Бали, еден од најволшебните острови на светот, му припаѓа на индонезискиот архипелаг, се наоѓа во близина на екваторот на преминот од Индискиот во Тихиот океан.
Овој остров има прекрасни плажи, опкружен е со кристално сино море, бујна вегетација, тропски џунгли…
Плажите кои се наоѓаат на југот се прекриени со златен песок и азурно море, додека северниот брег е прекриен со црн, вулкански песок и идеален е за пливање.
Внатрешноста на островот, често игнорирана од страна на посетителите, исто така има свои убавини.
Главниот град на Бали е Денсапар. Во него се сместени сите органи на власта, како и поголемиот број на универзитети, додека културен центар на островот е градчето Убуд. На крајот од југот на островот се наоѓа Кута, престолнина на забавата, каде можат да се најдат многубројни ноќни барови.